ФУДБАЛ

Лаказет можеда заврши во Шпанија

Францускиот напаѓач не е дел од плановите на тренерот Микел Артета и од следната сезона може да биде префрлен во Атлетико Мадрид.

Александар Лаказет се очекува да го напушти Арсенал следното лето.

Францускиот напаѓач не е дел од плановите на тренерот Микел Артета за следната сезона, пишува шпанскиот медиум „АС“.

Според шпанскиот медиум, Лаказет би можел да заврши во Шпанија.

Всушност, Атлетико Мадрид покажа интерес за него.

Тој има двегодишен договор со клубот од „Емирати“, но 28-годишниот играч не би рекол не на можен трансфер во „Ванда Метрополитано“.

Како и Лаказет, уште еден напаѓач, Пјер-Емерик Обамејанг, би можел ова лето да го напушти Лондон.