Францускиот напаѓач Александре Лаказет не е заинтересиран за трансфер во Интер, пренесува Л’Екипе.
Нероаѕурите бараат нов напаѓач бидејќи стана веројатно дека Лаутаро Мартинез ќе ја продолжи кариерата во Барселона, а Антонио Конте ја виде идеалната замена во Лаказет. Сепак во Арсенал, може да издишат кога станува збор за вакви написи за медиуми.
Реномираниот Л’Екипе и францускиот стручњак за трансфер Билел Гази пишуваат дека Лаказет е запознаен со опцијата да се префрли во „ЏузепеМеацз“, но, наводно, не е заинтересиран за тоа.
„Лаказет не е заинтересиран за трансфер на Интер“, се наведува во текстот објавен на „Л’Екипе“.
Лаказет наполни 29 години оваа недела, а во своите настапи во медиумите никогаш не го криеше фактот дека е среќен во Арсенал, во чии редови, да ве потсетиме, тој пристигна од Лион за 53 милиони евра.
На 29 натпревари во лигата, Лаказет оваа сезона има постигнато девет гола со три асистенции.