Тренерот на Челзи, Френк Лампард, одби да ја коментира ситуацијата околу Вилијан.
Лампард, ги изрази своите ставови за преговорите за нов договор со Вилијан, кој му истекува на крајот на оваа сезона.
„Секогаш се расправа за договорот на Вилијан. Можеби не е вистинското време да разговараме за тоа. Јас сум менаџер и не сакам да гледам премногу далеку”, рече Лампард, додавајќи:
„Некои наслови во медиумите оваа недела ме разочараа додека работиме од ден на ден за да ја завршиме оваа сезона и не очекувам што ќе се случи во текот на летото. Ситуацијата на Вилијан е стабилна.“
Преговорите меѓу Челзи и Вилијан не се лесни, а некои од најголемите клубови ќе се обидат да ја искористат оваа ситуација.