Челзи, според најавите на британските медиуми, ќе биде доста активен на пазарот следното лето.
Плавите веќе беа капарија Хаким Зијех, а се обидуваат да го убедат Дрис Мертенс да дојде на „Стемфорд Бриџ“, а сега се шпекулира дека сакаат уште еден фудбалер.
На Островот тврдат дека Френк Лампард би сакал да го види и Лукас Васкез во својот тим, на Васкез не сметале многу оваа сезона во Реал Мадрид, а тој сега би сакал да го искористи тоа и да го донесе во Лондон.
Со оглед на тоа што Васкез има договор до летото 2021 година, се верува дека кралскиот клуб ќе го ослободи за добра цена, а покрај Челзи поголем интерес за него покажаа Валенсија и Севиља.
„Челзи на Васкез гледа како замена за Вилијан или Педро чија епизода во клубот е при крај“, пренесуваат британските медиуми.
Васкез има остварено само 14 настапи во Ла Лига оваа сезона.