Менаџерот на Челзи, Френк Лампард изјави дека е разочаран од резултатите на лондонскиот клуб оваа сезона, пренесуваат британските медиуми.
Лампард се врати во Челзи пред еден месец, а ги загуби сите шест натпревари откако се врати во лондонскиот клуб. Челзи беше поразен од Арсенал (1:3) во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата.
„Челзи има многу успеси во последните 20 години, но ние не сме на таа позиција во моментов. Кога ќе погледнете зад сцената, можете да ги видите причините зошто е тоа така. Ако сакаме да бидеме убав, убав тим, како во првото полувреме против Арсенал, тогаш не е важно со кого ќе играме“, изјави Лампард.
Тој призна дека играчите на Челзи имаат ниска самодоверба.
„Тоа нема да се промени преку ноќ, но мораме да го направиме тоа што е можно поскоро. Премногу сме пасивни, а причините можат да бидат различни. Играчите имаат ниска самодоверба, но кога си играч на Челзи, мора да играш на одреден начин. Единственото нешто што може да ве извлече од целата ситуација е разбирањето и работата“, изјави Лампард.
Челзи е на 12. место на табелата во Премиер лигата со 39 бодови.
