ФУДБАЛ

Лампард: Ни беше потребна оваа победа

Тренерот на Челзи, Френк Лампард, беше повеќе од задоволен кога ја забележа својата прва победа во Премиер лигата.

Плавите го совладаа Брајтон со 2:0. Првиот гол го постигна Жоржињо од белата точка а конечниот резултат го постави Вилијан.

„Ни требаше оваа победа. Единствената причина поради која сум разочаран е што не постигнавме повеќе голови. Сепак, го задржавме нашиот гол не допрен, што е добро за довербата на сите нас. Добро е да се пробијат младите играчи. Тие сакаат да играат за овој тим. Јас им верувам тотално“, рече Лампард.

„Во првото полувреме имавме многу шутеви кон голот на ривалот. Сепак, во завршницата не бевме на високо ниво, немавме среќа.”

Челзи е шести на табелата по 6. кола со 11 бода.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига