ФУДБАЛ

Лампард: Ова го сакаат навивачите на Евертон

Новиот менаџер на Евертон, Френк Лампард е задоволен од своето деби на клупата на „Карамелите“ и триумфот над Брентфорд (4:1) во шеснаесетфиналето на ФА Купот.

Лампард на одличен начин ја започна својата кариера во Гудисон. Неговиот тим дојде до убедлива победа со убедлива игра и пласман во осминафиналето.

„Разговаравме пред натпреварот дека добриот резултат овде може да ни донесе голема самодоверба. Пристапот на играчите беше одличен, ова е вистинскиот Евертон, она што навивачите сакаат да го видат во однос на агресивноста и квалитетот. Бевме храбри, навивачите не поддржуваа цело време. Кога беше потребно да останеме смирени, го направивме тоа“, истакна Лампард.

Поранешниот стратег на Челзи ќе има можност за деби во Премиер лигата на 8 февруари, кога „карамелите“ ќе гостуваат во Њукасл.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига