Челзи иако направи одлични трансфери, нема намера да застане ова лето, навести тренерот на тимот Франк Лампард.
На Чекзи веќе му се приклучија Хаким Зиеш од Ајакс и Тимо Вернер од РБ Лајпциг, но тие се поврзани и со плејмејкерот Каи Хаврц од Баер (Леверкузен).
Лампард објасни дека Челси мора да се израмни со Ливерпул и Манчестер Сити.
„Веќе завршивме добра работа (на пазарот за трансфер), но претстои уште. Ние се обидуваме да одиме во одредена насока и сигурно нема да биде лесно да ги постигнеме нашите цели. Се виде јасно во другите тимови во последните години – напредокот се случува чекор по чекор. Направивме добри работи и оваа година, но е рано да се прави пресметка. Прво, треба да се фокусираме на последните три натпревари – два во првенството и финалето на ФА Купот против Арсенал“, рече Лампард.