Барселона во средината на овој месец претстави две големи засилувања Роберт Левандовски кој пристигна од Баерн и Рафиња кој беше доведен од Лидс.
Каталонскиот клуб има проблем што засега не може да ги пријави тие двајца за настап во Ла Лига.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, претседателот на клубот Жоан Лапорта решил да активира уште една опција за повлекување капитал и таа на Каталонците ќе им донесе сума од 100 милиони евра.
На овој начин Барселона во догледно време ќе може да ги регистрира и двајцата фудбалери во Ла Лига. Екипата на Блауграна во новото издание на шампионатот стартува на 13 август против Рајо Валенац.
Регулативата во шпанското првенство налага вкупните плати на фудбалерите на една екипа да изнесуваат најмногу 70% од приходот што го собира предметниот клуб.
За потсетување, поради финансиските проблеми во последните две години, особено како резултат на пандемијата на Ковид, Барселона има акумулирано долгови од над една милијарда евра.
Во последниве месеци, Жоан Лапорта состави план за пресврт кој вклучува продажба на 49 отсто од акциите во BLM и склучување договор за ТВ правата на тимот.
Така Барса ќе има вкупна сума од 740 милиони евра, но распоредена на неколку години.
Покрај тоа, Лапорта го намали и износот на платите. Тој ги намали платите за 50% и посочи дека максималниот праг што може да го достигне еден играч е 10 милиони евра годишно, вклучувајќи ги и играчите кои се нови во клубот.