ФУДБАЛ

Лапорта не се откажува: Супер лигата е сеуште жива

Проектот на Европската Супер лига „експлодираше“ во април, но беше многу брзо и практично затворен со повлекување на голем број клубови од првичниот договор. Сепак, Лапорта, првиот човек на Барселона, наведува дека идејата сe уште не е мртва.

Каталонскиот клуб, заедно со Реал Мадрид и Јувентус од Торино, е единствениот што не се повлече од првобитното натпреварување.

„Проектот е жив. Трите клуба што го бранат проектот ги добиваат сите тужби. УЕФА не може да ја спречи Супер лигата, а притисокот врз англиските клубови немаше ефект. Навистина, натпреварувањето можеше да се претстави на подобар начин“, рече Жоан Лапорта.

Лапорта зборуваше и за потенцијалното враќање на Бразилецот Нејмар на „Камп Ноу“.

„Сакавме да го доведеме Нејмар, бевме во контакт со него и тој сакаше да дојде. Сепак, финансискиот фер -плеј на Ла Лига зборуваше поинаку и ние не му испративме понуда“, изјави претседателот на Барселона.

Исто така зборуваше и за враќањето на Меси во Барса.

“Неговото враќање? Не исклучувам ништо. Неговиот крај во Барселона ќе биде различен. Имаме вечна благодарност до него, тој секогаш ќе биде дел од Барса”, изјави првиот човек на каталонскиот тим.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига