ФУДБАЛ

Лапорта нема дилема: Тоа момче е подобро од Мбапе и сакам да биде со нас

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта очигледно премногу ги цени своите фудбалери.

Можеби некој помалку, некој повеќе, но кога станува збор за Усман Дембеле, првиот човек на каталонскиот клуб нема дилема.

„Ми се допаѓа Усман Дембеле и за мене тој е подобар од Килијан Мбапе. Тој сака да остане, ние исто така сакаме да остане со нас. Се работи за тоа што неговите агенти му даваат предлози на играчот и сакаме да покажеме дека не е се до парите“, рече Лапорта.

Францускиот фудбалер наводно го одбил предлогот на Барселона за продолжување на договорот, но клубот ќе продолжи да го притиска да го задржи, а можеби оваа изјава на Лапорта е најдобар показател за насоката во која оди.

Дембеле имаше големи проблеми со повредата, неодамна се врати на теренот и нема дилема дека е врвен фудбалер, на крајот на краиштата, за него беа исплатени десетици милиони евра на Борусија Дортмунд.

Инаку, Дембеле е пред крајот на договорот, а на маса има одлични понуди, што го потврди и неговиот агент Муса Сисоко, кој денеска се сретна со директорот на Барса, Матеу Алемани и преговараа цели три часа.

„Мојот клиент има желба да остане, но има и исклучително интересни понуди кои се на разгледување“, изјави Сисоко, наводно до спортскиот директор на Барса.

Чави, кој неодамна беше назначен за нов тренер на Барселона наместо Роналд Куман, инсистира дека Дембеле е еден од најважните играчи во неговиот проект и сака по секоја цена да му се исполнат желбите на играчот за да остане во клубот долги години.