ФУДБАЛ

Лапорта: Нема смисла што прави Дембеле

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, е разочаран од однесувањето на Усман Дембеле.

Французинот неодамна одби да потпише продолжување на договорот со Барселона, а потоа и покрај неколкуте понуди за заминување, реши да остане на Ноу Камп во следните шест месеци.

„Едноставно, ни се случи. Добивме две понуди за него и двете беа одлични. Изненадени сме што не ги прифати. Последната беше од Англија и едноставно не сакаше да си оди. Тоа не е добро ниту за него, ниту за клубот, бидејќи имаме високи трошоци за неговата плата“, истакна Лапорта.

Во меѓувреме, Барселона го доведе Пјер Емерик Обамејанг на местото на Дембеле.

„Сè е комплицирано за Дембеле. Тренерот Чави мора да размислува и за следната сезона. Усман ни даде до знаење дека не сака да остане, а кога сакаме да го продадеме не сака да оди. Ќе се обидеме да го најдеме најдоброто решение за клубот во следниот период“, истакна Лапорта.