ФУДБАЛ

Лапорта откри кои клубови му дале на Левандовски многу подобри понуди, но тој ја избрал Барса

Роберт Левандовски пред неколку дена и официјално потпиша за Барселона, а синоќа го имаше првиот тренинг со каталонскиот клуб.

 

Левандовски по осум години реши да го напушти Баерн бидејќи сфати дека е време за нов предизвик и во најпознатиот трансфер од овој летен преоден рок потпиша за Барселона.

Полскиот напаѓач потпиша тригодишен договор со Каталонците со опција за продолжување на уште една година, а веќе се приклучи на подготовките на тимот во Мајами и синоќа го одработи првиот тренинг.

 

Барселона за Левандовски плати фиксни 45 милиони евра, додека останатите пет милиони евра ќе му бидат исплатени на Баерн преку разни бонуси.

За трансферот на Левандовски зборуваше и претседателот на клубот Жоан Лапорта, кој призна дека Полјакот имал подобри понуди од Барселона, но дека целта му била само да дојде на Камп Ноу.

 

„Мораме да му бидеме благодарни на Роберто за се, со оглед на тоа што ја прифати нашата понуда, која беше значително послаба од понудата на Челзи и ПСЖ. Во исто време го принуди Баерн да го пушти во Барса“, изјави Лапорта и додаде.

 

„Му плативме 45 милиони евра фиксни плус 5 милиони во променливи. Роберт Левандовски е како автомат за голови. Во него добивме загарантиран стрелец“.

 

Барселона утре игра пријателски натпревар со Интер Мајами, но Левандовски најверојатно нема да игра и се очекува да дебитира на пријателскиот натпревар против Реал Мадрид.