Барселона одлично го отвори вториот дел од сезоната и со своите игри го воодушеви фудбалскиот свет, но на крајот од сезоната се врати во сивилото.
Каталонците загубија три последователни натпревари на домашен терен, што досега не се случило, а ја пропуштија можноста да обезбедат пласман во Лигата на шампионите, што е главната цел оваа сезона.
Барселона блескаше на почетокот на вториот дел и одигра одлични натпревари, но по испаѓањето во четвртфиналето на Европската лига, се тргна надолу.
Барса беше поразена во неделата на домашен терен од Рајо Ваљекано, што беше вистинска сензација, но и показател дека работите во тимот на Барселона не функционираат баш според планираното.
Јасно е дека на Чави му претстои огромна работа на лето, а се очекуваат и големи промени во играчкиот кадар. Но, медиумите во Шпанија пишуваат дека овие промени ќе бидат навистина огромни, како и пред 19 години.
Потоа, во летниот преоден рок од 2003 година, Лапорта го смени речиси целиот прв тим, што се покажа како фантастичен потег. Тогаш клубот го напуштија 14 играчи, а Барса во текот на летото донесе 11 засилувања меѓу кои и Роналдињо.
Каталонски Спорт објави дека Лапорта ја подготвува истата револуција ова лето. Наводно на речиси сите играчи им кажал дека е можно да го напушти клубот, а само шестмина се безбедни.
Наводно, играчите кои не треба да се грижат за својата иднина во Барселона се само Педри, Гави, Нико, Феран Торес, Ансу Фати и Роналд Араухо. Сите останати имаат шанса да го напуштат клубот ова лето.
Секако дека нема сите да ја напуштат Барселона, но Лапорта очигледно сака да ја размрда атмосферата во соблекувалната и да покаже дека никој не е безбеден. Сигурно ќе има големи промени, а останува да се види дали ќе се повтори летото 2003 година.