ФУДБАЛ

Лапорта потврди, ова се првите два трансфери на Барса за 2023/24!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта денеска потврди дека клубот ќе направи се Жоао Кансело и Жоао Феликс да бидат постојани членови на тимот на Чави.

Португалецот е на позајмица од Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, а Лапорта тврди дека клубот наскоро планира да започне преговори околу нивни откупувања.

„И Кансело и Феликс покажаа дека имаат иднина во клубот и дека сакаат да останат дел од Барселона, а исто така и ние. Имаме одлични односи со Атлетико и Манчестер Сити и наскоро ќе започнеме преговори за нивното откупување.“, изјави Лапорта.

Веќе неколку недели се шпекулира дека Барселона ќе понуди околу 25 милиони евра за Кансело, бидејќи Пеп Гвардиола целосно го пречкрта, додека за Феликс нема да имаат повеќе од 40 милиони, што Атлетико сигурно ќе го одбие.

Сепак, не е невозможно Феликс да остане на позајмица уште една сезона со задолжителен откуп во 2025 година.

Не треба да ја отфрлиме можноста за некои значителни продажби и заработка на Барса од трансферот на Рафиња, Феран Торес или Андреас Кристенсен, кои се високо ценети во Премиер лигата.

Другите играчи кои имаат огромна пазарна вредност се недопирливи и за Чави и за Лапорта, како Араухо, Кунде, Педри, Гави, Де Јонг…

ПОВРЗАНО

Премиер Лига