Поранешниот претседател и кандидат за нов претседател на Барселона, Жоан Лапорта, доколку победи на изборите, ќе даде се од себе да го задржи Лионел Меси во клубот.
Иако заминувањето на Меси од Барселона на крајот од сезоната станува се поизвесно, поранешниот претседател на овој клуб верува дека работите можат да се променат.
“Ќе дадам се од себе да го задржам Меси во Барселона. За да го гарантирам тоа, мора да дадеш сериозна понуда. Меси треба да се третира со заслужена љубов. Понудата треба да биде финансиски вредна, но дури и да остане, тоа нема биди за пари“, рече Лаопорта и додаде:
“Го познавам добро, имам добар однос со него. Тој не е од оние што се тука за парите. Се разбира, ќе биде потребна конкурентна понуда од спортска гледна точка, бидејќи тој е победник, тој сака повторно да победи со Барселона “.
На сè погласните приказни дека големиот Аргентинец премногу ја чини Барселона, Лапорта им посочи:
“Меси чини околу 8% од вкупните трошоци, но генерира 30% од приходите на клубот. Лео е голем профит за Барселона и приходот што го носи е многу важен за клубот. Тој носи повеќе отколку што е потрошено за него”, изјави Лапорта кажа.