Фудбалерот на Лацио, Нани ќе биде отсутен од теренот еден месец поради повреда на бутниот мускул.
Португалецот беше повреден за време на средбата со Витесе (1:1) во Лигата на Европа.
– Конечната дијагноза е она што го очекувавме. Нани има мускулна траума. Прогнозата е дека ќе мора да се одмори од три до четири недели. Во исто време, Фелипе Андерсон закрепнува добро и се надевам дека ќе се врати за неколку дена, а за две седмици ќе биде целосно подготвен за натпревари, соопшти римскиот калчолигаш.
Лацио моментално се наоѓа на петтата позиција во Серија А со 29 бодови.