ФУДБАЛ

Лацио ја постави цената за Милинковиќ-Савиќ

Сергеј Милинковиќ-Савиќ и оваа сезона игра одлични игри во дресот на Лацио.

Милинковиќ-Савиќ досега има одиграно 31 натпревар во дресот на римски клуб оваа сезона, постигнувајќи пет гола и додаде седум асистенции. Тој со своите игри го привлече вниманието на многу клубови и нема да биде изненадување ако го напушти Лацио ова лето.

Италијанските медиуми објавија дека Милинковиќ-Савиќ решил да направи пробив во неговата кариера, и дека веројатно ќе го напушти Олимпико во текот на летото. Но,  во Лацио не сакаат да го загубат српскиот играч од средниот ред толку лесно.

„Tuttomercato“ пишува дека челниците на римски клуб решиле дека Милинковиќ-Савиќ може да оди само ако некој клуб му плати 120 милиони евра.

ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид покажаа интерес за овој 25-годишен играч.