ФУДБАЛ

Лацио на феноменален начин го претстави Сари како нов тренер

Маурицио Сари (62) вчера потпиша двегодишен договор со Лацио.

Тимот од „Олимпико“ на одличен начин објави дека Сари е новиот тренер на клубот.

Тие објавија емотикон запалена цигара на Твитер, а како што е познато дека Сари е страствен пушач, јасно е дека тој е новиот тренер на клубот.

Сари потпиша двегодишен договор со Лацио вреден три милиони евра по сезона со можен бонус од еден милион евра во зависност од резултатите. Тој го замени Симоне Инзаги на клупата кој го презеде Интер.

Искусниот стручњак се врати на тренерската активност по пауза од една година, а во претходниот период беше на платен список на торински Јувентус.