Лацио треба да ги засили своите редови во последните моменти од преодниот рок.
Имено, како што пишуваат италијанските медиуми, мета на небесносините од Рим е офанзивниот фудбалер на Верона, Матија Закањи.
Наводно, сите услови за трансфер се договорени, и останува на овој фудбалер да му бидат извршени лекарски прегледи за да го потпише договорот со Лацио.
Инаку, Закањи игра во Верона од 2014 година, а на два натпревари одиграни во Серија А оваа сезона, постигна исто толку голови.
Во Верона пристигна во 2014 година од нисколигашот Беларија, а како позајмен играч за Верона играше за Венеција и Цитадела.
За Верона одигра вкупно 146 натпревари и постигна 15 голови, на кои додаде 22 асистенции.