Лацио досега немаат добра сезона, бидејќи во Серија А се наоѓа на седмото место со 12 бода по осум одиграни кола, додека во Лигата на Европа има само една победа и две порази.
Овој потег ја поттикна идејата за нов тренер на Лацио, бидејќи се чини дека ерата на Симоне Инзаги е завршена. Според неодамнешните извештаи во италијанските медиуми, фаворит за наследник на Инзаги е Џенаро Гатузо.
Tuttomercato пишува дека започнал првиот контакт и поранешниот тренер на Милан е главниот кандидат за замена на Инзаги. Инзаги е во Лацио од 2010 година, кога го презеде младинскиот тим, а во 2016 година стана прв тренер на тимот.