Англиските медиуми утрово објавија дека Арсенал сака да го доведе Лаутаро Мартинез до крајот на преодниот рок.
Угледниот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека Арсенал покажал голем интерес да го доведе аргентинскиот напаѓач и дека преговорите со Интер се веќе започнати.
Интер конечно успеа да го освои Скудетото минатата сезона по 11 години чекање, а навивачите очекуваа да направат уште еден чекор напред следната сезона, но тешко дека тоа ќе се случи.
Имено, на крајот на сезоната беше јасно дека клубот од Меаца е во тешка финансиска ситуација и дека ќе бидат принудени да продадат некои од своите најважни играчи.
Прв замина Ашраф Хакими, а многу клубови покажаа интерес за Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.
Арсенал ги контактираше челниците на Интер и им стави до знаење дека сакаат да го ангажираат Лаутаро, а италијанскиот клуб е подготвен да го пушти Аргентинецот да замине доколку дојде вистинската понуда.
Меѓутоа, набргу потоа реагираше и Лаутаро, кој рече дека не сака да се пресели во Арсенал и дека негова цел е да го облече дресот на Интер и следната сезона.
Исто така, Лаутаро додаде дека ќе размисли за трансфер во Англија само во случај да го побара клуб кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, што не е случај со Арсенал.
Lautaro Martinez has rejected Arsenal. He would only play in England if the club were playing in the Champions League. (Source: Sport mediaset)
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 31, 2021
Лаутаро стана член на „нероаѕурите“ во 2018 година. Тој пристигна од Аргентинска Расинг за речиси 23 милиони фунти и се покажа како вистинско засилување на клубот.
Во изминатите три сезони, Мартинез одигра вкупно 132 натпревари во дресот на Интер и постигна 49 голови.