ФУДБАЛ

Лаутаро Мартинез потпиша нов договор со Интер

Фото: Soccer Football - Champions League - Quarter Final - Second Leg - Inter Milan v Benfica - San Siro, Milan, Italy - April 19, 2023 Inter Milan's Lautaro Martinez celebrates scoring their second goal REUTERS/Alessandro Garofalo - UP1EJ4J1M25GB

Претседателот на Интер, Џузепе Марота потврди дека капитенот Лаутаро Мартинез веќе го потпишал својот нов договор со клубот, кој ќе биде објавен откако напаѓачот ќе се врати од триумфот на Копа Америка со Аргентина.

-Се е готово, тој веќе ги потпиша документите. Сепак, сакаме да го официјализираме кога ќе се врати од одмор, прокоментира Марота за „Скај спортс“, кој ја отфрли можноста клубот да потпише со напаѓачот на Џенова, Алберт Гудмундсон: „Тој не е опција. Во моментов имаме напад кој е полн со квалитет. Тој не е она што ни треба во моментов“.

Шефот на „нероазурите“, исто така, увери дека со новите засилувања досега, тимот на Симоне Инзаги е подготвен да ги оствари своите цели во претстојната кампања.

-Го направивме тимот конкурентен за нашите цели. Имаме одличен тренер, кадар од највисоко ниво и одлични навивачи. Ова е она што го градиме за следната сезона, изјави Марота.

Тој го поздрави и именувањето на Антонио Конте на чело на Наполи.

-Колку посилни тимови имаме во Серија „А“, толку подобро. Конте е добар тренер и Наполи сигурно ќе биде меѓу претендентите за Скудетото, заврши Марота.