Поранешниот аргентински напаѓач Хернан Креспо верува дека Лаутаро Мартинез би можел да стане „новиот Серхио Агуеро“, бидејќи Аргентинецот одлично се снаоѓа во Интер оваа сезона и се шпекулира дека се спрема трансфер во Барселона ова лето.
22-годишниот напаѓач стана sвезда во Серија А оваа сезона, постигнувајќи 16 гола на сите натпреварувања.
Брзиот развој на Лаутаро го привлече вниманието на многу големи европски клубови, а агентот на играчот, Бето Јаке, откри дека во тек се преговори за иднината на sвездата на Интер.
„Ги знаеме Пауло Дибала и Мауро Икарди, но сега имаме можност да видиме што може да направи Лаутаро Мартинез. Лаутаро би можел да стане новиот Серхио Агури. Тој не е толку добар во дриблинзи, но тој соработува во тимот повеќе од Агуеро“, рече Креспо.