Аргентинскиот напаѓач може да го продолжи договорот со „нероаѕурите“ до 2026. Така, ќе завршат шпекулациите за негово можно заминување.
Лаутаро Мартинез ќе го продолжи договорот со Интер.
Прашање е кога аргентинскиот напаѓач ќе ја продолжи соработката со „нероаѕурите“. Според италијанските медиуми, договорот меѓу страните бил постигнат минатиот месец, а новиот договор се очекува да биде потпишан до крајот на овој месец.
Меѓу другото, неговата плата ќе биде зголемена.
Се шпекулираше дека опасниот напаѓач ќе го напушти актуелниот шампион на Италија минатото лето, но тоа не се случи.
По натпреварите за репрезентацијата, освен Лаутаро, се очекува и Марсело Брозовиќ да го продолжи договорот.