Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез призна дека бил многу близу до трансфер во Барселона минатото лето.
Аргентинецот требаше да се пресели во Барселона, но на крајот остана во Интер и го освои Скудетото со „нероазурите“, а сега откри како му пропаднал трансферот.
“Тешката финансиска состојба на Барселона и “некои ситни” детали го спречија тој трансфер. Беше навистина близу до реализација, но на крајот останав во Интер и се покажа како добра одлука, особено што го освоивме Скудетото. Неверојатно е да бидам шампион со толку голем клуб во толку силна лига“, призна 23-годишникот, а потоа му откри на новинарот што го праша неговиот сонародник Лионел Меси.
„Тој само ме праша како се одвиваат преговорите, ништо повеќе. Можноста беше одлична, но поради некои ситни детали не се исполни“.
Аргентинскиот интернационалец откри и дека двапати го одбил Реал Мадрид.
“Како тинејџер, Реал ми се јавуваше двапати, додека сè уште бев на Расинг, но тогаш прво сакав да се прославам во аргентинскиот фудбал и дури тогаш кога ќе бидам подготвен да одам во Европа. Сонувам да се вратам на Расинг еден ден, таму навивачите се исто толку страствени како и во Интер“.
Тој одигра вкупно 44 натпревари оваа сезона и постигна 17 голови со девет асистенции.