ФУДБАЛ

Лаутаро повеќе не е недопирлив?

Лаутаро Мартинез би можел да го напушти Интер во летниот преоден рок.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот повеќе не е недопирлив, дека Интер нема да го „форсира“, туку дека ќе се разгледаат вистинските понуди.

Во превод, во случај да се појави некоја „богата“ понуда, Интер нема да може да ја одбие поради тешката финансиска ситуација.

Лаутаро не се прослави на Светското првенство во Катар, каде исто така падна во втор план, иако бројките не му се лоши, постигна 23 гола во сите натпреварувања.

Патем, Интер игра полуфинале во Лигата на шампионите во кое се бори за место во топ 4 во Серија А и финалето во Купот на Италија на 24 мај против Фиорентина.

Некој би рекол дека Интер и Лаутаро имаат совршена сезона, но вистината е малку поинаква. Интер имаше многу среќа во ждрепката, а покрај големата резултатска криза оваа пролет, полоши беа Милан и Рома, па го оставија во топ 4.

Лаутаро Мартинез има понуди од Премиер лигата и наводно англиските клубови ја следат неговата ситуација. Неговата цена веќе не е 100+ милиони евра, како што беше, Интер наводно би го продал за 70, а по таа цена го следат Манчестер Јунајтед и Челзи.

Дали е вистинско време Лаутаро да го напушти Интер?

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаСерија А