ФУДБАЛ

Лаутаро се договори со Барселона!

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез е најголемата желба на Барселона во текот на следниот трансфер период, а исто така се обидуваат да го доведат и Миралем Пјаниќ.

Откако Пјаниќ претходно ги прифати условите на Барселона, но чека клубовите да се договорат, иако сега не изгледа лесно, Лаутаро исто така се согласи да се приклучи во редовите на Каталонците.

Каталонскиот спорт тврди дека 22-годишниот фудбалер договорил сè со Барселона и дека ќе заработи 12 милиони евра со бонуси, и дека ќе потпише петгодишен договор.

Договорот меѓу Барса и Лаутаро се случи со дозвола на Интер, кој се обидува да наплати што е можно повеќе во овој бизнис и се уште работи на тоа да добие што е можно повеќе пари од Барселона, но извесно е дека големиот напаѓач ќе отпатува за Шпанија.

Интер побара за 111 милиони евра за Мартинез, што е износот на клаузулата за обештетување, но сега тие се подготвени да го пуштат да си замине за 80 милиони, додека Барселона сака да плати 60 со еден играч од своите редови.

Оваа сезона, Лаутаро постигна 16 голови и четири асистенции на вкупно 31 натпревар во дресот на Интер.