ФУДБАЛ

„Лавовите“ само ги налутија „Пандевци“, поведоа, па потоа следуваше потоп

Академија Пандев го забележа четвртиот триумф во новата сезона и во моментов се лидери во МПФЛ со 13 бодови. Од шест кола имаат четири победи, едно реми и еден пораз. Попладнево ја совладаа Македонија ЃП со 4:1. Бихорац, Мирчевски два и Силва Сена дос Сантос беа стрелци на головите. На спротивната страна, за популарните „Лавови“ единствениот гол го постигна Воша и тоа во првиот напад, односно во првата минута од мечот, но потоа следуваше потоп.

Резултати ПМФЛ, 6.коло

Академија Пандев – Македонија ЃП 4:1

Борец – Пелистер 2:1

РаботничкиБрегалница 2:0

Струга – Скопје :0

Тиквеш – Ренова 0:2

ШкендијаШкупи (14.09.2021)

Табела: Академија Пандев 13, Струга 12, Ренова 11, Работнички 11, Шкупи 10, Македонија ЃП 9, Брегалница 7, Борец 7, Шкендија 6, Скопје 5, Тиквеш 2, Пелистер 1.

 

ПОВРЗАНО

Прва МФЛШкендијаРаботничкиАкадемија ПандевПелистерБрегалницаТиквешШкупиСтругаГоран Пандев