ФУДБАЛ

Леао е новото засилување на Милан

Португалецот Рафаел Леао и официјално е новиот член на Милан, а неговиот трансфер од француски Лил кај „росонерите“ изнесува 30 милиони евра.

Веста за новото засилување ја објави самиот италијански клуб преку социјалните мрежи, наведувајќи дека Португалецот потпишал петгодишен договор со Милан.

– АЦ Милан е среќен да соопшти дека постигнал договор со Лил за купување на португалскиот напаѓач Рафаел Александре да Консеи Леао. Дваесет годишниот напаѓач се приклува на црвено-црните со петгодишен договор“, се вели во соопштението на Милан.

Леао дебитирал во Спортигн во 2017 година, а година дена подоцна е продаден во Лил во Франција, каде што во 26 натпревари постигнал 8 голови.