ФУДБАЛ

Леао од бизарна причина доби жолт картон, Пиоли: Никогаш порано не сум видел такво нешто

Милан синоќа го совлада Торино со 2:0 и ќе го задржи водството на Серија А и по ова коло.

Стрелец на водечкиот погодок беше талентираниот напаѓач Рафаел Леао, но тој ќе го пропушти гостувањето кај Каљари за осум дена бидејќи, доби жолт картон за симулација на средината на теренот.

Несфатливо е некој да симулира на 40 метри од голот, но Мареска не се двоумеше да изнесе јавно предупредување, поради што Леао нема да игра на Сардинија.

„Морам да признаам дека никогаш порано не сум видел некој да симулира на средина од теренот и поради тоа доби жолт картон, штета, дефинитивно ќе го пропушти следното коло“, изјави тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли

На прашањето дали е изненаден од играта на неговиот тим, бидејќи повторно недостасуваат многу важни играчи, Пиоли рече: „Не, воопшто не сум, верувам во овие момци и знам дека можам да направам многу и ова е нивно ниво“.

ПОВРЗАНО

Серија А