ФУДБАЛ

Леао заминува, Милан добива 70 милиони: Веќе на повидок е нов клуб на големиот Португалец

Рафаел Леао е едно од откритијата на оваа сезона во Серија А.

Леао веќе имаше репутација на многу експлозивен и одличен играч, а оваа сезона блесна во полн сјај и е меѓу најдобрите во лигата.

Португалецот со одличните игри привлече големо внимание кај побогатите и подобри клубови, па многу лесно може да се случи да замине од Милан на лето.

Окото на 22-годишниот фудбалер го фрли ПСЖ и ќе направи се за да го доведе во своите редови, особено по извесното заминување на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

ПСЖ подготви 70 милиони евра за Леао, бројка која би требало да биде сосема доволна за трансфер.

Леао оваа сезона постигна 10 гола во Серија А, од кои некои беа во клучните натпревари. На последните четири натпревари има два гола и три асистенции, што доволно говори за неговата важност.

Одличниот крилен напаѓач пред три години пристигна во Милано за 29 милиони евра од францускиот Лил, а може да се каже дека Росонерите ќе заработат одлични пари со негова продажба.

ПОВРЗАНО

Серија А