Леброн Џејмс реши да го искористи времето во карантин за да разговара со фановите преку Инстаграм.
Тој на своите фанови им даде можност да постават прашања, а меѓу другото мораше да наведе и некои од најдобрите фудбалери.
Најдобриот кошаркар во светот им даде предност на фудбалерите на Ливерпул, набројуваше и некои други sвезди, сите освен Лионел Меси, кој или го заборави или не го сметаше за доволно добар?
„Прво секој играч на Ливерпул, потоа Мбапе, Нејмар, Роналдо … Овие момци се легенди. И Ибрахимовиќ. Тој е луд, но тој е навистина добар“, рече Џејмс, а потоа еден од фановите му дофрли: „А Меси?“
„Да, и Меси, тој е легенда, сигурно …“, одговори Џејмс.