Еден од најдобрите кошаркари во историјата на овој спорт, Леброн Џејмс, бил забележан на вечера со својот стар пријател Кармело Ентони, кој наскоро ќе остане без договор од Хјустон.
И покрај долгогодишното ривалство на теренот, двајцата се многу добри пријатели, а се шпекулира дека Мело би можел да се пресели во Лос Анџелес Лејкерс, чии бои моментно ги брани „Кралот“.
- Ќе видиме. Не го предводам јас тимот и тука некои работи треба да бидат решени од двете страни, но секогаш сум сакал да играм со Мело и ако се појави можност тоа би било одлично. Ќе видиме што ќе се случи, откри Џејмс.