Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, се искачи на третото место на вечната листа на играчи со постигнати 30 или повеќе поени по натпревар. За „Кралот“ ова беше 436-ти натпревар со минимум 30 поени.
Тој на натпреварот против Индијана, во победата од 104:96, реализираше 38 поени, а при тоа имаше и седум асистенции и девет скока.
Во историјата на НБА лигата, пред него во оваа статистичка категорија се само Вилт Чембрлен со 515 и Мајкл Џордан со 562 натпревари.
Резултати: Торонто – Голден стејт 131:128 (по прод.), ЛА Лејкерс – Индијана 104:96, Сакраменто – ЛА Клиперс 121:133.