Мартин Брајтвајт денес и официјално стана член на Барселона.
28-годишниот дански фудбалер немаше поим дека ќе стане член на каталонскиот гигант во февруари, но поради проблеми со повреда, Ла Лига и ’даде на Барселона дозвола за дополнителен потпис.
Легањес доби 18 милиони евра за овој трансфер, но тие останаа без значаен играч во продолжението на сезоната и нема да можат да му донесат замена.
Овој тим веднаш, во договор со Барселона, се обиде од Ла Лига да добие можноста за дополнителен потпис. Сепак, нивното барањето беше одбиено и тие ќе треба да играат со тимот што им го имаат на располагање до крајот на сезоната.
Директорот на Легањес, Мартин Ортега е разочаран од сè.
„Барсес имаше корист од ова нефер правило“, тој е јасен, но и разочаран по одлуката на Ла Лига да ги спречи да го заменат.
„Кога неволјата е најголема, вие привлекувате сила од каде никој не знае дека ја имате. Сега мора да бидеме уникатни како и секогаш“
Легањес во моментов се претпоследниот тим во Ла Лига и следува голема борба за опстанок.