ФУДБАЛ

Легендарниот Фабио Канаваро доби отказ од Динамо Загреб по 100 дена на клупата!

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро повеќе не е тренер на Динамо Загреб, официјално потврдија на својата интернет страница сините од Максимир.

Канаваро на тој начин стави крај на една кратка и катастрофална епизода на клупата на најтрофејниот хрватски клуб, кој под негово водство најверојатно ќе стави крај на големата доминација во хрватскиот фудбал.

Италијанецот го презеде тимот кон крајот на минатата година по Ненад Бјелица со цел да ги подобри резултатите во првенството, но не успеа во тоа и на оваа работа остана 100 дена. Под негово водство Динамо одигра десет натпревари во хрватската национална лига при што оствари пет победи, две нерешени и три порази. Поразот од 3:0 од Истра во Пула минатиот викенд го исклучи од трката за титулата. Во моментов Динамо заостанува шест бода зад лидерот Хајдук.  Претходно хрватските медиуми пишуваа дека платата на Канаваро во Динамо е 1,5 милиони евра, а на неговиот тренерски штаб 500 илјади евра годишно. Јасно е дека Италијанците не ги оправдаа тие пари.