„Не беше лесна одлука… тоа беше прекрасна авантура “, изјави поранешниот играч на Наполи, сега член на турски Трабзонспор.
Хамшик (35), познат по својата „мохиканска“ фризура, минатата година ја заврши репрезентативната кариера по 15 години играње во репрезентацијата на Словачка, каде беше капитен и најдобар стрелец.
За репрезентацијата одигра 136 натпревари и постигна 26 гола, а најголемиот успех го постигна во 2010 година, кога се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Јужна Африка.
Во текот на својата кариера, играчот од средниот ред играше за Слован Братислава, Бреша, а потоа играше за Наполи од 2007 до 2019 година.
За актуелниот шампион на Италија одигра рекордни 520 натпревари во сите натпреварувања и освои две титули во Купот таму.
Тој дојде во Трабзонспор во јуни 2021 година и минатата сезона го освои шампионатот на Турција, прва по 38 години за тој црноморски клуб.
До крајот на турскиот шампионат остануваат уште две кола, а последното е закажано за 6 и 7 јуни.
