Рајан Гигс со право може да се смета за најдоброто лево крило во историјата на фудбалот.
Гигс целата играчка кариера ја помина во Манчестер Јунајтед со кој освои се што може да се освои. Дресот на „црвените ѓаволи“ го носеше 23 сезони.
Во текот на кариерата, Велшанецот се сретна со многу ривали, но посебно се сети на еден. Го окарактеризира како најтешкиот против кој играл.
Ова е уште една легенда на фудбалската игра, Хавиер Занети, жив симбол на Интер и неуморен теренски работник кој го доби прекарот Трактор поради неговото доаѓање на натпреварот.
“Занети беше најтешкиот ривал што некогаш сум го сретнал. Секогаш трчаше. Знаеше да се брани, а имаше нога како играч од средниот ред”, изјави Гигс.
“И тој беше тврд. Ми го скрши носот еднаш во Лигата на шампионите. Навистина имаше се”, изјави Велшанецот.
Занети пристигна во Европа во 1995 година од Банфилд и остана во Интер речиси две децении. Исто како Гигс со Јунајтед, така и Аргентинецот освои се со Нероаѕурите.
По завршувањето на кариерата, Занети ја доби директорската позиција, додека Гигс одлучи да стане тренер. Ги водеше „црвените ѓаволи“ и репрезентацијата на Велс.