Легендарниот шпански играч за врска Андрес Иниеста се пофали со освоениот 38. трофеј во кариерата. Иниеста моментално настапува во лигата на Обединетите Арапски Емирати за клубот Емирати, а се пофали со титулата која ја освои Висел Кобе во Јапонија. Во претпоследното коло од јапонската Џеј-лига, Висел Кобe за првпат стана шампион. Иниеста го напушти клубот на 8 август откако одигра вкупно 95 минути оваа сезона во четири натпревари без голови и без асистенции.
3️⃣8️⃣ pic.twitter.com/syFsddPypX
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) November 28, 2023
Но, и покрај практично никаков придонес, тоа не го спречи да се пофали со титулата шампион на Јапонија на социјалните мрежи, а јасно е зошто го направи тоа. Имено, сега само двајца негови поранешни соиграчи од Барселона имаат повеќе трофеи од него, Лионел Меси кој има 44, а Дани Алвеш со 43 освоени трофеи.
