Јапонецот Шинџи Кагава е пред потпис за нов клуб.
Кагава најверојатно ќе ја продолжи кариерата во ПАОК во Грција, со преостанати лекарски прегледи.
Јапонскиот офанзивен играч за врска пристигнува во Грција од Сарагоса, Шпанија.
Претходно, ПАОК донесе засилувања од Премиер лигата на нашата земја, а станува збор за младиот фудбалер, Владимир Брадоњиќ.
Во Јапонија, Кагава ја започна својата кариера играјќи за Осака, а во Европа играше за Борусија Дортмунд, Манчестер Јунајтед и Бешикташ.
Тој има две титули во Бундеслигата, два Купа на Германија, Премиер лигата и Комјунити Шилд, како и Азискиот куп со репрезентацијата на Јапонија, чиј дрес го носеше 97 пати.