Поранешниот славен голман Сантијаго Канизарес, кој работи како ко-коментатор на „Мовистар +“, даде неверојатен одговор на прашањето кој ќе биде шампион во Шпанија оваа сезона – Реал Мадрид или Барселона.
Во моментов по 27 кола Барса е лидер со два бода повеќе од својот лут ривал, но факт е дека ова би можело да биде исклучително интересна трка до крај.
„Кој ќе биде шампион? Па, зависи од тоа кој ќе го погледнете. Ако ја гледате Барселона, тогаш мислите дека Реал ќе биде шампион. Ако гледате натпревари на Реал Мадрид, убеден сте дека Барса ќе победи“, рече Канизарес.
И ништо не погреши. Оваа сезона тие се далеку под нивото и двете екипи оставиа впечаток на лоша игра.
Потсетуваме дека Реал синоќа загуби од Бетис, додека Барса успеа да го совлада Реал Сосиедад со 2:0 на домашен терен со многу проблеми и со тоа да се врати на врвот на табелата во лигата.