Легендарниот шпански голман Икер Касиљас доби нова улога во својот Порто.
Поранешниот голман на Реал Мадрид доживеа срцев удар на 1 мај оваа година, а многу луѓе сметаа дека неговата кариера е завршена.
Меѓутоа, зборувајќи за официјалниот сајт на клубот по повод добивање на функција во Стручниот штаб, Касиљас не го спомнал крајот на неговата кариера.
Тој сега ќе биде врска помеѓу стручниот штаб и играчите, но очигледно ја остава можноста за враќање меѓу стативите.
„Ќе работам нешто друго во однос на она што сум навикнат. Зборувавме со тренерот за мојата ситуација и за тоа дека сака да останам во екипата, близу до младите играчи, затоа што има многу промени во тимот сезонава. Ќе дадам се од себе да помогнам“, изјави Касиљас и додаде:
„Веќе неколку недели тренираме. Има доволно време до првиот официјален меч, но се надевам дека ќе имаме одлична сезона. Сакаме да ја освоиме лигата и Купот, и да напредуваме во Европа.“
Засега е тешко да се каже што и како планира Касиљас. Некои странски медиуми веруваат дека нема да брани оваа сезона, додека други мислат дека ќе застанат меѓу стативите веднаш штом ќе закрепнат. Икер не кажал збор за пензионирање.