Легендарниот италијански стручњак Клаудио Раниери (69) кариерата би можел да ја продолжи во Франција.
Искусниот 69-годишен тренер е многу близу до преземање на францускиот шампион Лил и тоа ќе биде нов предизвик за легендарниот стручњак.
Раниерите ќе го замени Кристоф Галтиер на клупата на Лил, кој реши да го напушти клубот откако изненадувачки ја освои шампионската титула пред ПСЖ.
Познатиот Италијанец претходно работел во Франција. Од 2012 до 2014 година го водеше Монако, а во сезоната 2017/2018 работеше како тренер на Нант.
Минатата сезона, Раниери ја водеше Сампдорија. Тимот од Џенова заврши на деветтото место во Серија А, но одлучи да не ја продолжи соработката со овој клуб.
Преговорите меѓу Лил и Раниери се во тек. Сè може да се заврши во наредните денови и искусниот тренер е на чекор да се врати во Франција.
Во својата богата кариера, Раниери оствари најголем успех со Лестер, што во 2016 година го доведе до титулата англиски шампион.
Исто така, меѓу позначајните резултати, вреди да се спомене освојувањето на Купот на кралот со Валенсија, како и трофеите во Купот Интертето и Суперкупот на УЕФА.
Покрај Лестер, Валенсија, Монако, Сампдорија и Монако, Раниери има работено во Челзи, Рома, Парма, Јувентус, Интер, Наполи Атлетико и Фиорентина.