ФУДБАЛ

Легендарниот Пеле излезе од болница

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле е пуштен од болница.

Божиќните и новогодишните празници Пеле ќе ги помине со семејството, што беше негова голема желба.

Како што е веќе познато, му бил дијагностициран рак на дебело црево, па морал да оди на операција.

„Пациентот е стабилен, сега е пуштен дома“, соопшти болницата во Сао Паоло.

Пеле во текот на кариерата освои три светски првенства, а е најдобар стрелец на бразилската репрезентација на сите времиња.

„Пријатели мои, ова е порака за секој од вас. Немојте ни за момент да мислите дека немам прочитано илјадници пораки со љубов овде. Голема благодарност до секој од вас, кој одвои минута за да ми испрати позитивна енергија. Љубов, љубов и љубов! Веќе излегов од интензивна нега и сум во своја соба. Продолжувам секој ден посреќен, со многу расположени за играње 90 минути, плус продолженија. Наскоро ќе бидеме заедно“, рече Пеле во претходното јавно обраќање.