ФУДБАЛ

Легендарниот Пеле во депресија, одбива да ја напушти куќата

Легендарниот фудбалер Пеле има влошено здравје, не сака да ја напушти куќата, бидејќи не може да се движи без помош, а поради тоа паднал во депресија, открива неговиот син Едињо.

Со години Пеле има проблеми со колковите, а многу негови скорашни настапи беа во инвалидска количка.

-Многу е слаб. Имаше замена на колковите, но немаше идеална рехабилитација. Има проблем со мобилноста, и тоа покрена еден вид депресија. Замислите, тој е крал, секогаш бепе импозантен лик, а денеска не може да оди како што треба. Срам му е, не сака да излезе и да биде виден во таква состојба, изјави Едињо за ТВ Глобо.