Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, смета дека најдобро е Маркус Рашфорд да го напушти „Олд Трафорд“ и да проба нешто ново.
Рашфорд веќе некое време е надвор од составот на „црвените ѓаволи“, а тренерот Рубен Аморим најави дека ќе остане надвор од теренот додека не види промена во односот кон тренинзите.
–Кога го посетив Карингтон (тренинг центарот на Манчестер Јунајтед) со моите деца кои имаа натпревар во неделата, Маркус беше на теренот со кондициониот тренер, но тој беше на страната каде што родителите ги гледаат своите деца. Се сеќавам дека помислив „да сум јас на негово место, колку ќе ми беше срам да ме гледаат родителите така?“. „Ако Маркус сака нов почеток, мора да го напушти клубот“, изјави Руни.
Рашфорд нема одиграно ниту една минута на последните 11 натпревари, а славниот напаѓач смета дека оваа ситуација е неодржлива.
-Фактот што има тренери кои јавно кажуваат дека не тренира добро е неверојатно. Пред две години со Ерик тен Хаг бев изненаден, но сега веќе не ме изненадува. Се сеќавам дека го замолив Сер Алекс Фергусон да заминам од клубот, но јас тренирав секој ден и се трудев. Со Маркус ситуацијата две години е појди-застани. Поразително е, треба да има гордост, вели Руни.
