ФУДБАЛ

Легендарниот тренер го нападна Мурињо!

Рома ремизираше со Сасуоло во последниот натпревар од Серија А. Во судиското продолжение Кристанте го израмни резултатот на 2:2 и со тоа му донесе бод на својот тим, но тоа не беше доволно јавноста да се воздржи од нови напади врз Жозе Мурињо.

Најгласен по мечот беше Фабио Капело, поранешен фудбалер и тренер на „Волчицата“, со кој го освои „скудетото“ во сезоната 2000/01.

Мурињо на претходните натпревари јавно ги повика играчите за лоши игри. Тоа воопшто не му се допадна на Капело.

„Никогаш не ги критикував играчите на тој начин, секогаш тоа го правев со почит кон нив. Почитувањето е најважното правило во однос на играчите. Ако ги навредувате играчите, ја намалувате нивната цена и го оштетувате клубот“, изјави легендарниот тренер. јасно.

Рома моментално е на седмото место во Серија А, на шест бода од местото кое води во Лигата на шампионите. Мурињо е пред тешка задача, а притисокот расте.

ПОВРЗАНО

Серија А