ФУДБАЛ

Легендата до Мбапе: Следиги ги соништа, ако не, ќе жалиш цел живот

Поранешниот француски репрезентативец Жан-Пјер Папен вели дека му препорачал на Килијан Мбапе едноставно да ги следи своите соништа.

Мбапе, 23-годишниот напаѓач на ПСЖ на лето ќе стане слободен играч, но прашање е дали ќе потпише договор со Реал Мадрид или ќе остане верен на Париз и ќе потпише нов договор. Едно е сигурно, што и да реши му се смешкаат десетици милиони евра.

 

Младата ѕвезда на ПСЖ и француската репрезентација допрва треба да донесе одлука по освојувањето на новата титула во главниот град, а легендата го советуваше да ги следи своите соништа.

 

„Ако неговиот сон е да оди во Реал, нека си оди. Никогаш не оди против твоите соништа, напротив, треба да се бориш да ги оствариш. Ако Реал е тоа што го сака, нека го направи тоа, нека потпише за клубот од Мадрид“, рече Папен.

 

“Тоа му кажав на неговиот татко минатата недела. Ако сака, но не го направи тоа, ќе жали цел живот”, додаде поранешниот освојувач на Златната топка.

 

Странските медиуми не уверуваат дека Мбапе веќе одлучил, но дека тоа ќе го соопшти кога ќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ оваа сезона, кој е за неколку недели, односно на 21 мај и по мечот со Мец.

 

Што и да одлучи Мбапе, тоа ќе биде одлична вест и сите со нетрпение ја очекуваат.