ФУДБАЛ

Легендата на Барселона: „Ако Меси оди, јас ќе заминам со него…!“

Лобо Караско не сака да го види Лео Меси далеку од Барселона, дури и во неговите најлоши соништа.

Лионел Меси последниве денови е главна тема во сите светски медиуми.

Од поразот од 8-2 на Баерн Минхен во Лигата на шампионите, Лео не се појави никаде, додека шпекулациите само доаѓаат и алудираат на евентуално заминување од Барселона.

Легендата на Барселона, Лобо Караско, кој го носеше дресот на каталонскиот клуб од 1978 до 1989 година, не сака да го гледа Лео Меси надвор од „Камп Ноу“ дури и во неговите најлоши соништа.

„Ако Лео замине, јас ќе заминам со него до последниот дриблинг. Ако тој замине утре, јас ќе заминам со него каде и да е“, рече тој за „Ел Шарингито де Југонес“.

„Никој не ме возбудува повеќе од него“.

„Сè ми се чини како сон, навистина се надевам дека ништо не е точно“.

Тој не сака неговата прекрасна приказна со Барселона да заврши на овој начин.